Филипче: Децата со дијабет нема да се будат ноќе, ќе набавиме сензори за мерење гликемија за нив

Министерот за здравство соопшти дека се обезбедени пари за набавка на овие апарати, но не кажа кога ќе се случи набавката.

358

Министерството за здравство обезбеди пари за набавка на сензори за мерење на гликемија кај деца, најави министерот за здравство Венко Филипче на МРТВ.

Тој не кажа кога ќе се случи набавката, но вети дека наредните месеци овие пациенти ќе ги имаат сензорите.






– По долги години барање на родителите чии деца имаат дијабет ги набавуваме сензорите за мерење на дијабет. Тоа значи дека на една категорија деца до одреден број на години коишто замислете некогаш и во текот на ноќта треба да се разбудат за да им се измери гликемија сега ќе имаат сензори коишто се монтираат на раката и родителите точно ќе знаат колкаво е нивото на степенот на гликемија. Со тоа целосно го заокружуваме процесот на модернизација во овој дел на лекувањето на пациентите, вклучително и децата со дијабет. Иновативна терапија којашто нуди квалитетен живот, врвна контрола на гликемијата, заштита на кардиоваскуларниот систем и посебно ми е драго што оваа година обезбедивме средства да се обезбедат и овие сензори коишто ќе ги имаат верувам во следните месеци – изјави Филипче.

Министерот посочи дека во земјава, од почетокот на ковид кризата побарувачката на инсулин била зголемена за 20%, но сега има доволно инсулин, и тоа оваа терапија е иста како во најсовремените земји во светот.

 

Поврзани содржини