„ФИЛИПЧЕ, ДАЛИ ЗАЕВ ИМ НУДЕШЕ НА БУГАРИТЕ ‘БОМБИ’ И ЕДНА МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА?“ Пратеникот Петрушевски го предизвикува лидерот на СДСМ
Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, рече Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување две големи фирми од кои едната е телевизија – повика денеска на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и нѐ блокира. Венко Филипче и СДСМ да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер? И дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во Македонија? Дали ова е дарот кој Заев го дал во замена за поддршка од Бугарија за СДСМ сега и во иднини, логистички, финансиски и во секоја смисла – праша Петрушевски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Венко Филипче е алатка во планот на Заев за потчинување на државата во однос на Бугарија, но како што рече, тој „план нема да им успее, зашто „народот ќе го казни на избори“.