Филипче: Да се воздржиме од групирање и да ја одржуваме дистанцата

475

Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше сите граѓани да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а Министерството за внатрешни работи поинтензивно да врши контроли на терен.






– Сите мора да се придржуваат, без исклучок до препораките и целосно и вистинито да ги даваат сите информации до надлежните. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од болеста, напротив и себеси и најблиските така се доведуваат во голема опасност. Апелирам уште еднаш до МВР поинтензивно да се вршат контроли на терен – информираше министерот Филипче.

Почитувањето на мерките ќе овозможат побрз излез од здравствената криза. Да се воздржиме од групирање и да ја одржуваме потребната дистанца. Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често и да ги дезинфицираме рацете. Да бидеме внимателни. Да го заштитиме личното, но и колективното здравје.

Поврзани содржини