Филипче: Да ги заштитиме продавачите, аптекарите, банкарите…
Тој ги повика граѓаните да носат заштитна опрема доколку се сомневаат дека се заразени со коронавирусот, а исто така потсетува дека секој треба да одржува дистанца.
Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
Тој ги повика граѓаните да носат заштитна опрема доколку се сомневаат дека се заразени со коронавирусот, а исто така потсетува дека секој треба да одржува дистанца.
„Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните. Вработените во маркети, аптеки, банки и сите останати кои се исто така изложени на ризик овој период. Носете заштитна опрема ако се сомневате дека сте болни, задолжително одржувајте дистанца. Да бидеме совесни и одговорни. Од нас зависи. Големо благодарам до сите дизајнери кои дадоа свој придонес во борбата против коронавирусот“, напиша Филипче.