Министерот за здравство, Венко Филипче, се уште нема информација колку жени од земјата биле во странство за празникот 8. март, и покрај препораката да не се патува.
– Се обидов да дојдам до таа информација, но не успеав да ја добијам, не можеа да ни излезат во пресрет од Комората, рече Филипче.
Во врска со тоа дали ќе има казни за „Нехар Турс“ , туристичката агенција со која два автобуса со 20ина патници сепак се обиделе да патуваат за Црна Гора синоќа, но биле вратени од граничниот премин Блаце со полициска придружба, Филипче изјави дека прво мора да провери, па ќе даде известување.