Филипче: Благодарност до граѓаните за трпеливоста и почитувањето на мерките

Оваа година беше година во која здравствените работници покажаа како се работи професионално и посветено. Сите пациенти заболени од ковид-19 беа навремено згрижени и тестирани - рече Филипче.

338

Министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на клиниката за гинекологија и акушерство изрази благодарност до граѓаните за довербата во институциите, за нивното трпение и за почитувањето на превентивните мерки.

– Оваа година беше година во која здравствените работници покажаа како се работи професионално и посветено. Сите пациенти заболени од ковид-19 беа навремено згрижени и тестирани – рече Филипче.






Министерот додаде дека од страна на СЗО Македонија е оценета како една од најподготвените земји во Европа за почеток и спроведување на имунизацијата и изрази надеж дека конечно ќе се стави крај на пандемијата на коронавирусот.

Поврзани содржини