Филипче: Благодарам Михаела, ти си одговорна девојка!

Сама се пријави на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, веднаш по пристигнување на скопскиот аеродром и за време на целото патување носеше заштитна опрема, напиша Филипче.

709

Голема благодарност и до тебе Михаела! Благодарам што го препознаваш трудот на здравствените работници и што си одговорна кон своите сограѓани, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук, откако скопјанката Михаела Јаневска вчера објави дека го победила коронавирусот и во знак на благодарност поради целосната посветеност кон пациентите, таа им испеа песна на докторите и на медицинските сестри.

„Михаела беше меѓу првите пациенти заболени од коронавирусот, а денес таа е целосно опоравена. Сама се пријави на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, веднаш по пристигнување на скопскиот аеродром и за време на целото патување носеше заштитна опрема“, напиша Филипче.






Инаку, Михаела вчера истакна дека е најсреќната личност во светот поради тоа што успеала да ја победи болеста.

„Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои сè се уште во болница. Ова е за вас“, напиша Јаневска.

Поврзани содржини