ФИЛИПЧЕ БЕЗ ОДГОВОР КОГА ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈОТ Со 40 проценти вакцинирани тешко дека заврши пандемијата
Министерот рече дека согласно сегашните текови, многу е тешко да се одреди кога ќе заврши пандемијата со ковид-19.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, одговарајќи на новинарското прашање, не можеше да даде конкретен одговор кога би бил крајот на пандемијата ковид-19.
– Со 40% вакцинирано население, кога може да се очекува крајот на пандемијата? – го прашаа министерот, но Филипче, не можеше да даде конкретен одговор на прашањето. Тој рече дека согласно сегашните текови, многу е тешко да се одреди кога ќе заврши пандемијата со ковид-19.
Додаде дека, оној голем интерес на почетокот за вакцинација веќе го нема и затоа на состанокот во петок ќе се разгледуваат и ќе се сослушуваат мислењата, па потоа да се одлучи на кој начин би се зголемил интересот за вакцинација кај населението.