ФИЛИПЧЕ БЕШЕ СО ГУРУТО ЗАЕВ НА СКАПО ПЛАТЕНА ЈАХТА, А НЕ СО НАРОДОТ Мицкоски тврди дека наспроти коалицијата Твоја Македонија стојат измамници во политиката

„Знаат дека дебело ќе загубат, а Венко Филипче не може ниту сопствените пратеници да ги убеди, па затоа многу тешко можете да видите пратеник од СДСМ на нивните митинзи“, изјави Христијан Мицкоски на митинг во Кратово.

271

Граѓаните знаат дека коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е вистинскиот избор и опција која нема да разочара и која секогаш е со народот, изјави претседателот на владејачката партија Христијан Мицкоски, на народниот митинг во Кратово во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври.

– Од другата страна имаме измамници во политиката, луѓе кои со децении изградија кариери и бизниси на штета на државата и на штета на заедничкиот интерес на граѓаните. Со едниот избор одите напред, а со другиот се враќате назад кон темното минато на договори во четири очи, срамни отстапки за идентитетот. Во времето кога најважно беше врхушката на власт да биде ситуирана, а народот гладен. Тоа се политичарите коишто ги украдоа сите наши заеднички соништа и донесоа сиромаштија и направија гладен народ. Нашите конкуренти немаат програма, никој не им ја видел, затоа што на овие избори дојдоа со празни и so лажни ветувања – рече Мицкоски, потсетувајќи дека СДСМ и нивната коалиција го потценуваат народот и од уште од првиот ден водат исклучиво само црна кампања.






Мицкоски се осврна и на Венко Филипче, претседателот на СДСМ.

– Филипче вели дека кога било најтешко, бил со народот. Тоа не е вистина, а и сите вие тоа го знаете, тој бил со неговиот ментор и гуру од Струмица и тие заедно двајцата како тандем го донесоа најтешкото време за целиот народ. И кога беше најтешко и кога народот, буквално, мака мачеше како да го помине денот, нив ги гледавме како се луксузираат на скапо платената јахта, крстарејќи по Егејското крајбрежје. И сите знаат дека дебело ќе загубат, а претседателот на СДСМ Венко Филипче, не може ниту сопствените пратеници да ги убеди, па затоа многу тешко можете да видите пратеник од коалицијата која ја предводи СДСМ на митинзите кои ги организира СДСМ и коалицијата – рече Мицкоски.

Поврзани содржини