ФИЛИПЧЕ БЕШЕ ПРАШАН, САМ НЕ СЕ СЕТИ ДА ГО ОСУДИ БУГАРСКИОТ МНР ШТО РЕЧЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР „Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги навредува нашите институции“

Претседателот на СДСМ Венко Филипче потсети дека вакви провокации не се новост и дека македонската дипломатија има искуство и капацитет да се справи со нив, при што го пофали Бранко Црвенковски, а вчерашната прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски ја нарече патетична.

1,817

Претседателот Венко Филипче, кој во долго обраќање на прес-конференција ја осуди Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека го загрозува македонскиот идентитет, не го осуди бугарскиот министер Георг Георгиев што го нарече Христијан Мицкоски северномакедонски премиер. Тоа го стори дури откако му беше упатено директно новинарско прашање за таа изјава, како и за радикалните ставови на бугарските политичари.

– Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги навредува нашите институции. И тоа воопшто не е во духот на добрососедските односи – рече Филипче.






Тој потсети дека вакви провокации не се новост и дека македонската дипломатија има искуство и капацитет да се справи со нив. Го пофали Бранко Црвенковски, а вчерашната прес-конференција на премиерот Мицкоски ја нарече патетична.

– Многу пати наназад, во изминатите години и децении од нашата самостојност, сме се сретнувале со такви ситуации – луѓе кои нè негирале, луѓе кои нè провоцирале – и тоа трае уште од деведесеттите години наваму, и тука до израз доаѓа умешноста на дипломатијата. Еве ќе се вратам во деведесеттите години – да потсетам, во времето на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, претседател на Социјалистичката интернационала, Пјер Моро му кажал: „Не може секое племе на Балканот да има држава“. Но, тука не треба да се нервира човек, туку треба да се работи. Ние сега сме држава, членка на НАТО“, одговори  Филипче.

Истакна дека со истата дипломатија и трпение се избориле и за договорите со Грција и Бугарија, во кои биле заштитени македонскиот јазик и идентитет.

– Ние со провокации од Бугарија сме се среќавале и порано. Бугарите не се различни од лани до сега. И во наше време, кога ги преговаравме договорите со Грција и со Бугарија, имаше луѓе кои што провоцираа, па успеавме во договорите да стои чист македонски јазик. Значи, умешноста на дипломатијата се гледа тука – рече Филипче.

Додаде дека вистинскиот одговор на ваквите ситуации не се драматични изјави и конфронтации, туку сериозна и решителна дипломатска борба.

– Дипломатијата мора да се користи со цел да го извлечеме најдоброто за земјата. Да водиме напред, да ги отвориме преговорите – тоа е единствената иднина за земјата. Тоа сите го знаат. Меѓутоа, тоа не бара ниту нервоза, не бара ниту патетика, не бара ниту патетични прес-конференции. Тоа бара сериозна борба. Тоа бара убедување и борба – порача Филипче.

Филипче смета дека Македонија не треба да се повлече од Договорор за добрососедство со Бугарија.

– Сметам дека не треба да се повлекуваме од договорите. Договорите се прават за да служат, да некои односи се надградуваат во духот на добрососедството, во духот на Копенхашките критериуми, во духот на Европа. Ништо нема да направиме ако се повлечеме од некој. Добро, треба да бидеме принципијални, да бидеме коректни. Нека гледа Европа ако има провокатори од другата страна. Наше ни е да покажеме дипломатско, фер добрососедско однесување – рече Филипче.

„ОВАА ВЛАСТ НЀ ВОДИ ВО ДЛАБОКА КРИЗА“ Според Филипче, СДСМ ги сочувал македонскиот јазик и идентитет, а ВМРО-ДПМНЕ ги загрозува

Поврзани содржини