Филипче: Белчовски ни покажаа што значи да си човечен, владата им помогна во знак на благодарност
За потсетување, младата Верица почина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство одлучи нејзините органи да бидат донирани, благодарение на што беа спасени неколку човечки животи.
Семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани од владата доби стан на користење во Струмица, додека за таткото и братот е обезбедено вработување.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипшче, откако утрово имал состанок со семејството на младата Верица.
– Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен. Ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни – напиша министерот на својот „Фејсбук“ профил.
За потсетување, младата Верица почина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство одлучи нејзините органи да бидат донирани, благодарение на што беа спасени неколку човечки животи.
Овој настан ја потресе речиси цела држава, а голем број граѓани изразија поддршка за овој хуман чин за семејството на Белчовска.