ФИЛИПЧЕ БАРА БЛОКАДА НА БУЏЕТИТЕ НА ТЕТОВО, ГОСТИВАР, ЧАИР И ЖЕЛИНО Министерката за финансии да не дозволи незаконско трошење за албанска академија

Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет, рече денеска пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче.

424

СДСМ го осудува етнизирањето на науката со најавената паралелна албанска академија на науките и ја повикува министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска да ги блокира буџетите на општините доколку има најава за незаконско трошење на општинските пари, рече денеска пратеникот и претседаѕел на СДСМ Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

– Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем, дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистински инвестиции во науката би значело зголемување на парите во научно-истражувачката дејност, тоа е начинот на кој науката кај нас може да има некаков прогрес. Следствено, особено во нашето толкување и на законите на локалната самоуправа, не гледаме дека тоа финансирање од општините што го најавија, Тетово, Гостивар, може воопшто да го прават. Затоа ја повикуваме минитерката за финансии доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, за нешто за што ќе немаат никаква основа, тие буџети и да ги блокира – рече Филипче.






Четири општини, Тетово, Гостивар, Желино и Чаир неодамна најавија дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите. Оваа идеја за албанска академија ја промовира владиниот партнер, коалицијата Вреди. Против општинското финансирање на академијата се изјаснија и  повеќе министри од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини
na