Филипче: Авто школите први би почнале со работа, како и индивидуалните спортови

Ако утре бројката на новодијагностицирани е како просекот од овие 2 недели и како денеска, а не и како вчера, ќе препорачаме постепепено отварање на  институции како курсеви, а авто-школите ќе бидат први кои ќе функционираат  согласно предлозите. Утре на состанокот на Централниот  штаб на Влада го разгледуваме предлогот - рече Филипче.

6,140

Авто школите би биле првите кои би почнале со работа, заедно со оние кои ќе можат да обезбедат шалтерски систем на фукнционирање  и утре решаваме за тоа. а први ќе спортуваат од индивидуалните  спортови  – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој нагласи дека мора да се почитуваат мерките за заштита.






–  Ако утре бројката на новодијагностицирани е како просекот од овие 2 недели и како денеска, а не и како вчера, ќе препорачаме постепепено отварање на  институции како курсеви и други едукативни активности, а авто-школите ќе бидат први кои ќе функционираат  согласно предлозите. Утре на состанокот на Централниот штаб на Влада го разгледуваме и предлогот сите тие институции кои лесно може да направат дистанца, дезинфекција, носење маски да почнат со работа. Како кладилници, на пример, и секој којшто може да воспостави  шалтерски систем ќе има приоритет – одговори Филипче  и најави дека во однос на спортовите, прво индивидуалните спортови ќе имаат проритет, но начинот и времето утре ќе го кажат.

Поврзани содржини