Филипче апелира Св. Никола да не се прославува со традиционални собири

202

Министерот за здравство Венко Филипче апелира граѓаните кои денеска го слават верскиот празник Св. Никола, да не се групираат во домовите за да помогнат на здравствениот систем во борба со коронавирусот.

– Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза. Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати. Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници –  рече Филипче.

 

Поврзани содржини