ФИЛИПЧЕ АМИНУВАЛ ТЕНДЕРИ ОД ЌЕРКА НА ТАТКО Милиони од Хематологија завршувале во фирма кај д-р Пановски, тврди Лефков 

Филипче не само што не ја разреши, туку со своето недејствување ги аминуваше милионските тендери од Клиниката за Хематологија каде директор беше ќерката Пановска, кон Веледрогеријата д-р Пановски на нејзиниот татко Пановски.

901

Поранешниот министер за здравство и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче аминувал милионски тендери на екс-директорката на Хематологија, Ирина Пановска, кон фирма на нејзиниот татко, обвини пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Лефков тврди и дека тоа е причината што Филипче станал претседател на СДСМ. Во продолжение е неговата изјава:






„Грдото лице на власта на СДСМ и ДУИ, Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко ѝ.

Не поминуваат изговорите кои Филипче ќе ги каже и ги кажуваше во минатото, дека тој немал врска со тендерите, туку Клиниката. Филипче како министер можеше да ја разреши директорката на Хематологија Ирина Пановска, доколку навистина сакаше да ги спречи тендерите од ќерка на татко.

Филипче не само што не ја разреши, туку со своето недејствување и ги аминуваше милионските тендери од Клиниката за Хематологија каде директор беше ќерката Пановска, кон Веледрогеријата д-р Пановски на нејзиниот татко Пановски.

По неколку милиони секоја година завршуваа од сметката на Клиниката за Хематологија на сметка на д-р Пановски. Тоа е грдото лице на власта на СДСМ и ДУИ, тоа е причината за која Филипче стана претседател на СДСМ. Кога ќе биде прозван за одговорност или ќе биде поведена постапка против него, да се вади на политички притисок и со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе може да се повтори шемата со Пановски и ним сличните.

Филипче се преиграл во пресметките. Ниту од одговорност ќе може да се избега, ниту пак народот ќе му даде шанса пак да го краде“, изјави Лефков.

Поврзани содржини