Филипче: Ако детето развие некакви симптоми, родителот не треба да го носи во градинка

Министерот апелираше стриктно почитување на постапките во работењето и изолацијата на евентурланите заболени деца.

492

Строго почитување на постапките предвидени за повторно отворање на градинките под посебни мерки за превенција против ковид-19, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче по одлуката на владата градинките да се отворат на 9 септември.

Тој рече дека е клучно да се почитуваат протоколите  за да се зачува здравјето на децата, и нивните семејства.






– Потребно е наставниците и родителите на достапен начин да им објаснат на децата за да го разберат новиот начин на живот – рече Филипче.

Покрај основните мерки кои треба да ги преземат градинките за почеток на работа и одвивање на процесот на згрижување, како што рече министерот, важно е родителите и наставниците да внимаваат на промените на здравјето кај децата.

– Доколку родителите забележат забележат појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) не треба да го носат детето во градинка и веднаш да го контактира матичниот педијатар. При секое ново вклучување на детето во градинка, по болест родителот треба да донесе лекарска потврда од матичниот лекар – рече Фиулипче.

Градинките, подвлече Филипче, треба да имаат назначено лице за контакт со институциите кои ќе реагираат во случаи да се појави заболено дете од ковид -19.

– Доколку дете, за време на престој во градинка, развие покачена телесна температура веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во градинката, каде за него се грижи негувателката од неговата група, а назначеното одговорно лице од градинката веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во градинката. Истото лице стапува во контакт и со епидемиолошката служба во надлежниот центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на детето. Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на детето. Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во групата или целата градинка, со тоа што децата, учителката и негувателката од воспитната група во кое престојувало позитивното дете, како блиски контакти задолжително одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во градинката и преземените мерки го известува  Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ. Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во градинката – појасни Филипче

Тој препорача градинките да го користат убавото време за игри на децата на отворено, главно во помали групи и да не се користат играчки кои не можат да се дезинфицираат.

– Главно за зачувување на здравјето на децата е  да се почитуваат протоколите определени за установата, вработените во неа и родителите – рече Филипче.

Тој дополни дека приемот на деца ќе биде на 10 минути со еден родител, кој има заштитна маска. Групите на деца ќе се организираат така што кај категориите до 2 години ќе има најмногу до шест деца, а кај повозрасните до 15.

Поврзани содржини