Филипче ја згрешил лозинката на Твитер, затоа му е блокиран профилот
Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи, се работи на надминување на проблемот - уверуваат од МЗ.
Од Министерството за здравство информираат дека Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово бил ставен на рестрикција од страна Твитер, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација.
– Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи, се работи на надминување на проблемот – уверуваат од МЗ.
Денеска привремено беше блокиран официјалниот профил на министерот за здравство поради, како што се наведува, „забележана необична активност од овој профил“.
Сепак, сѐ уште може да се пристапи на профилот на Филипче, но само откако ќе се прочита предупредувањето објавено од социјалната мрежа.