Филипче ја запозна Лара, ќерка на Јасмина Василковска, жената донор на срце и на бубрези
Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство.
Министерот за здравство, Венко Филипче, преку Фејсбук информира дека денеска на роденденот на девојчето ја запознал Лара, ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи.
„Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство”, напиша Филипче на Фејсбук.