ФИЛИПЧЕ ЈА КОДОШИ МАКЕДОНИЈА НАМЕСТО ДА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ Што го тера да ја плука сопствената држава, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Како главен опозиционер, наместо да биде на линија со националните интереси, Филипче во своите јавни настапи надвор од државата, со измислици, лаги и со манипулации го руши државниот углед и позиции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

218

Откако помисливме дека нема поголем штетник за државните и за националните интереси од Зоран Заев, се појави Венко Филипче, кој по примерот на неговиот ментор Заев ја кодоши Македонија и ги поткопува државните позиции, и тоа од среде Атина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Како главен опозиционер, наместо да биде на линија со националните интереси, Филипче во своите јавни настапи надвор од државата, со измислици, лаги и со манипулации го руши државниот углед и позиции. Но, што може да се очекува од човек кој му се восхитува на Заев, кој освен во Грција, и во Бугарија ги рушеше националните интереси на Македонија, каде на национална телевизија велеше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти“, соопшти владејачката партија.






Што го тера Филипче да ја кодоши и плука сопствената држава во која добил сè и пак до последно останува верен на муртинската политика на Заев која подразбираше предавства, коленичење и распродажба на националните интереси, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче треба да знае дека како претседател на опозицијата има должност и обврска да биде на линија и во служба на националните интереси. Стратешката цел за членство на Македонија во Европската Унија е една од главните определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е сојуз во кој природно припаѓаме. Но, исто така, тоа не може да биде оправдување за лоши чекори за нејзина реализација, како по примерот на прифаќањето на предавничките договори на СДСМ и на Зоран Заев“, потенцира партијата.

Интеграцијата во најмоќниот европски сојуз мора да биде под јасно утврдени критериуми, а не со билатерални условувања, кои немаат врска со демократија, Копенхашките критериуми, европски вредности и начела, се додава во соопштението.

„Покрај членството во ЕУ, државата има должност и обврска да води грижа и да го зачува достоинството на нацијата. Затоа, Филипче треба да знае дека кодошејќи ја државата прави огромна штета на државата и на идните генерации и дека го руши достоинството на македонските граѓани. И како опозиционер Филипче е дел од оваа генерација политичари, од кои граѓаните очекуваат умерена и одговорна политика во интерес на државата, а не да ја кодоши и да биде срам за Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини