ФИЛИПЧЕ ЈА ГРАДИ 50-КАТНИЦАТА ВО ДУБАИ СО ПАРИ ОД АКЦИИ? Заедно со Заев вложувале во индиска авиокомпанија, обвини Манасиевски
Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори, обвинува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека лидерот на СДСМ уште не одговорил од каде му е златната виза за Дубаи, ниту што мисли за пресудата за Модуларната болница во Тетово.
Дали лидерот на СДСМ Венко Филипче и неговиот претходник Зоран Заев, заедно поседувале акции во индиска авиокомпанија, а милионски придобивки од истите ги вложиле за изградба на 50-катница во Дубаи, прашува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„Филипче не одговори за потеклото на златната виза, ниту одговори дали е задоволен од пресудата за модуларната болница? Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори“, обвинува Манасиевски.
Тој вели дека „продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница“.
Манасиевски тврди и дека Филипче и СДСМ секојдневно сè повеќе тонат во скандали кои се поврзуваат со криминал и корупција.