Филипче: 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи
Тој најави дека во текот на овие два дена Комисијата за заразни болести ќе прави детални анализи за новиот бран и за ширењето за да се има детален увид и дека во недела ќе дискутираат за новите чекори.
Од денес таргертирано се тестираа околу 15 семејства кои носат 90 проценти од новите случаи. Има и нови спорадични случаи што е доказ дека вирусот постои. Имаме втор бран кој е резултат на непочитување на мерки за собири и групирање. Зголемениот број е очекуван поради начинот на тестирање кој го спроведовме, рече на прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче.
– Сметаме дека бранот кратко ќе трае. Се намали бројот на скринингот на вработени во градинки. Вирулентноста значајно слабее има многу асимптоматски случаи, но ова не значи дека вирусот не е опасен и затоа граѓаните треба да ги почитуваат мерките. Иако бројката е висока таа се движи во рамките на познати кластери – рече Филипче.