ФИГЕЛ УБЕДЕН ДЕКА НЕМА ПРИЧИНИ ЗА ВАКОВ ТРЕТМАН НА КАМЧЕВ По средбите со обвинителите Русковска и Јолевски, поранешниот еврокомесар најавува средба и со Заев
„Има длабоки и сериозни сомнежи околу иницијацијата на овој случај“, вели поранешниот комесар и додава дека има „неколку разумни сомнежи или прашања“ кои сака да ги постави за овој случај. По денешните средби, најавува и средби со министерот Маричиќ и со премиерот Заев. „Доаѓам како пријател на Македонија, сакам да помогнам“, вели тој во интервјуто за Сител.
Правда за сите. Достоинство за сите, тоа е многу важно. Мислам дека мојот глас моментално им помага на „безгласните“. Господин Камчев е безгласен сега, тој не може да зборува јавно, тој не може да се брани себе во целосна смисла. Бидејќи има толку многу сомнежи во овој процес, мораме да разговараме за владеењето на правото и за заштитата на човековите права во оваа земја.
Ова го изјави поранешниот еврокомесар Јан Фигел, кој денеска престојуваше во Скопје, во својата втора посета поврзана со случајот „Камчев“. Во врска со неговата средба со притвореникот Јорадн Камчев во КПУ Скопја во Шутка, Фигел рече:
– Видов дека тоа се услови кои не соодејствуваат на 21 век. Не знам доволно, но кога го добив извештајот од обдусманот за неговиот третман, од март оваа годинава, жал ми е што морам да кажам дека во оваа земја се уште е возможно да се види нехуман, деградирачки третман и тортура на луѓето кои се во затворите. Истата порака беше испратена и неодамна, во јули, Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа, за ситуацијата во Македонија севкупно.
Притворот на Камчев, кој од страна на обдусманот беше објективно критикуван како третман на тортура, е скандал, смета Фигел. И во нормални услови ова не припаѓа на Европа, не велам дека припаѓа на Африка. Тортурата е против човечкото достоинство. Овој човек е осомничен и треба да се третира по принципите на презумпција на невиност. Се додека судот не донесе одлука тој треба да се третира како невин, вели Фигел и објаснува:
– Не барам привилегиран третман, барам владеење на правото и почитување на човечкото достоинство и човековите права за сите. Има длабоки и сериозни сомнежи околу иницијацијата на овој случај, како истиот започна. Имам неколку разумни сомнежи или прашања кои сакам да ги поставам за овој случај. Прво, доказот. Како започна? Бидејќи ако нешто започнува со обвинение од тајната служба, тоа е незаконски. Не е доволно да имате шпиони или агенти некаде и истите да поднесат обвинение и да започне случајот. Тоа не е законски. Мора да има докази, објективни докази. А тука нема. Нема докази кои им се познати на господинот Камчев или на неговата одбрана како суштински за случајот и за овој третман.
Во интервјуто за Сител, поранешниот еврокомесар потсетува дека во случајот е инволвиран и обвинител кој е во спор со Камчев, во време на Специјалното јавно обвинителство, кое беше расформирано, по скандалозниот случај со рекетирање. Постои сомневање дали обвинителот кој го води случајот не е пристрасен против господинот Камчев, врз основа на неодамнешната историја.
– И можеби најчувствителното прашање, а при тоа не зборувам за содржината на обвинението, туку за третманот. Господинот Камчев има срцеви проблеми, а и неговиот татко почина од срцев удар, што секако е предупредување дека овој човек може да почине. Сите можеме да починеме, но тој може да добие пофер третман и наместо во затвор, може да добие домашен притвор или да се брани од слобода, врз основа на гаранција која беше понудена два пати досега, во однос на штетата за која се товари.
Фигел вели дека е дојден во Македонија со пријателски намери, а прашањата што ги отвора се важни не само за Камчев, туку и за сите притворенции и за сите граѓани на оваа земја, за да бидат третирани согласно со законот, без одложување, во потрага по правдата, а не обратно.
Словакот Јан Фигел се состанал и со двајца јавни обвинители, Вилма Русковска и Љубомир Јовески.
– Разговорите беа мошне отворени, професионални и контруктивни. Јас се обидов да ги изнесам прашањата и сомневања за кои што дознав во земјава и да изразам мое лично пријателство кон оваа земја, која треба да продолжи понатаму напред кон Европската Унија, каде што критериумите за владеењето на правото и заштитата на човековите права се задолжителни. Се чини дека тие (обвинителите) немаат доволно сознанија за ситуацијата во случајот со господин Камчев во однос на условите во затворот и за неговиот медицински статус. Се надевам дека овој дијалог ќе резултира со дополнителни аргументи за фер третман, на пример за домашен притвор. Можеби треба да се додаде дека тој е петтоосомничен, а е прв, при што сите други се бранат од слобода, додека тој се држи во тежок притвор во Шутка.
Фигел најави и средба со министерот за правда Бојан Маричиќ, кому има намера да му објасни дека не е точно дека барал пристап во КПУ Скопје вон процедурите.
– Доколку денес не се случуваше самиотот во Љубљана за проширувањето на ЕУ и за пристап на земјите од Западен Балкан, веројатно ќе се состанев и со премиерот Зоран Заев, бидејќи во петокот зборувавме за средба и и тој беше подготвен да разговара. Со господин Заев се согласивме да се состанеме по завршување на локалните избори, бидејќи сега е на самитот и е зафатен со кампањата. Така што можеби, не велам сигурно, можеби, ќе се состанеме кон крајот на октомври тука во Скопје – рече Фигел.