ФИФА МУ СЕ СМИЛУВА НА РОНАЛДО Легендата ќе игра на Светското првенство
ФИФА соопшти дека во пресудата е земена предвид спортската биографија на Роналдо, фер-плеј пристапот и фактот дека не се повторил сличен инцидент во кариерата на репрезентативно ниво.
Кристијано Роналдо, капитенот на Португалија и еден од најуспешните фудбалери во историјата, ќе настапи на Светското првенство следното лето, иако беше исклучен во квалификацискиот меч против Република Ирска. Организацијата ФИФА реши да му изрече само еден натпревар суспензија, со што Роналдо останува во составот на селекторот Роберто Мартинез, јави Би-Би-Си Спорт.
Моментот што го шокираше стадионот во Даблин се случи кога 40-годишниот ас го удри со лакт противничкиот дефанзивец Дара О’Шеа, при што веднаш беше исклучен. Иако ваквите инциденти обично се казнуваат со три меча забрана, ФИФА ја услови втората и третата суспензија на една година, земајќи предвид дека ова бил првиот црвен картон на Роналдо во 226 настапи за националниот тим.
Меѓутоа, Португалецот веќе ја отслужи казната, бидејќи не настапи против Ерменија на 16 ноември, па така ќе биде подготвен за првиот натпревар на Светското првенство во САД. Со ова, најпознатиот европски стрелец останува фокусирано во потрага по уште еден историски настап со репрезентацијата.
ФИФА соопшти дека во пресудата е земена предвид неговата спортска биографија, фер-плеј пристапот и фактот дека не се повторил сличен инцидент во кариерата на репрезентативно ниво.
Роналдо постигна пет гола во квалификациите, а Португалија обезбеди директен пласман како првопласирана во Групата Ф. Ова ќе биде нивно седмо последователно учество на Мундијал. Ждрепката за турнирот ќе се одржи на 5 декември, а Португалија се наоѓа меѓу носителите.