ФИФА ГО ОТКРИ МУНДИЈАЛСКОТО СЦЕНАРИО ЗА МАКЕДОНИЈА Прво патуваме во Данска, па пеколно финале на гости

Македонија во полуфиналниот бараж ќе игра против Данска, а во евентуално финале повторно ќе гостува, против Чешка или Република Ирска.

0

Македонската фудбалска репрезентација го дозна најважниот ривал во баражот за пласман на Мундијалот 2026 – за место во финалето ќе играме против силната Данска, екипа која важи за еден од најтешките можни противници во европската зона.

Извлекувањето денеска се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих, каде Македонија повторно немаше среќа со ждрепката и доби уште еден тежок противник кој треба да се мине за влез во финалето.






Ако ја поминеме Данска, нашите момци ќе играат во финале на гостински терен против подобриот од дуелот Чешка – Република Ирска. Тоа значи дека патот до Светското првенство нè носи низ две супер тешки гостувања.

Полуфиналните бараж-натпревари ќе се одиграат на 26 март 2026, а пет дена подоцна на 31 март, ќе се одиграат финалињата по кои ќе бидат познати репрезентациите што ќе го пополнат последниот сет европски места за Светското првенство.

Покрај македонскиот дуел, ждрепката ги спои и следниве парови:

Италија – Северна Ирска

Украина – Шведска

Турција – Романија

Велс – Босна и Херцеговина

Полска – Албанија

Словачка – Косово

Чешка – Република Ирска

Мундијалот во 2026 ќе се игра во САД, Мексико и Канада, а македонската репрезентација има нова шанса да испише историја и да стане дел од најголемиот светски фудбалски спектакл.

Поврзани содржини