ФИФА ГИ ПОДЕЛИ НАГРАДИТЕ Менди е најдобар голман во 2021, Ламела со признанието „Пушкаш“

Поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем, Ерик Ламела ја доби наградата на ФИФА „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав гол. Погодокот на Ламела против Арсенал (2:1) на 14 март му ја донесе наградата на 29-годишниот аргентински фудбалер.

173

Голманот на Челзи и Сенегал, Едуард Менди е прогласен за најдобар голман за 2021 година од страна на „The Best FIFA Football Awards 2021“.

Церемонијата на доделување на наградите се одржува во Цирих, Швајцарија.






Дваесет и деветгодишниот Менди ја освои Лигата на шампионите 2020/21 со тимот од Лондон.

Поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем, Ерик Ламела ја доби наградата на ФИФА „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав гол. Погодокот на Ламела против Арсенал (2:1) на 14 март му ја донесе наградата на 29-годишниот аргентински фудбалер.

Покрај Ламела, на списокот номинирани беа и чешкиот напаѓач Патрик Шик за неговиот гол против Шкотска на ЕП 2020 и напаѓачот на Порто, Мехди Тареми за голот против Челзи во натпреварот од Лигата на шампионите.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, е прогласен за менаџер на годината за 2021 година во изборот на ФИФА. Церемонијата на доделување се одржува во Цирих (Швајцарија).

Тухел победи во конкуренција на селекторот на Италија, Роберто Манчини и менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола.

Под водство на 48-годишниот Тухел, Челзи го освои трофејот во Лигата на шампионите 2020/2021 година. Неговиот тим го освои и Суперкупот на УЕФА во 2021 година.

Томас Тухел е тренер на Челзи од јануари 2021 година.

Поврзани содржини