ФИФА донираше 10 милиони долари на СЗО за борба против Ковид-19

Светската централа исто така сподели дека тие работат со СЗО за да се осигураат дека овие средства се користат за поддршка на борбата против вирусот во сите региони во светот.

243

ФИФА донираше 10 милиони долари на Светската здравствена организација за Фондот за солидарност за борба против КОВИД-19. На овој начин, организацијата поддржува напори за справување со пандемијата на коронавирус.

Светската централа исто така сподели дека тие работат со СЗО за да се осигураат дека овие средства се користат за поддршка на борбата против вирусот во сите региони во светот.






Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави: – Оваа исклучителна ситуација бара исклучителни мерки и одлуки. Кризата го погодува целиот свет. Денес, повторно покажавме дух на соработка, солидарност и единство.

ФОТО: EPA/PATRICK B. KRAEMER

Поврзани содржини