ФИЦО ЗГРЕШИ ШТО СЕ УЈДИСА СО ПУТИН Киев сакал да ѝ помогне на Братислава, но словачкиот премиер дрско ја отфрлил понудата
Сега тој (Роберт Фицо) се обидува да ја префрли вината на другите со ПР, лаги и со гласни обвинувања. Но, проблемот е што тој се обложи на Москва, не на неговата земја, не на обединета Европа и не на здравиот разум. Тоа беше неуспешен облог од самиот почеток, напиша украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на својата објава на платформата Икс.
Контроверзното патување во Москва на словачкиот премиер, Роберт Фицо, го предизвика украинскиот претседател Володимир Зеленски дополнително да го критикува својот сосед, пренесе ДПА.
„Фицо јасно греши што верува дека може да ги продолжи своите матни зделки со Москва на неодредено време“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Приказот на Зеленски за настаните е следниов: Пред да се запре транзитот на рускиот гас низ Украина, Киев сакал да ѝ помогне на Словачка, но Фицо „дрско ја отфрлил“ оваа понуда, и покрај тоа што бил предупреден од многу европски политичари.
„Сега тој (Фицо) се обидува да ја префрли вината на другите со ПР, лаги и со гласни обвинувања. Но, проблемот е што тој се обложи на Москва, не на неговата земја, не на обединета Европа и не на здравиот разум. Тоа беше неуспешен облог од самиот почеток“, напиша Зеленски.
Зеленски исто така го критикуваше словачкиот премиер за неговиот луксузен живот и за неговата хипокризија.
„Добро е што словачкиот премиер Фицо конечно се врати од својот одмор во луксузен хотел во Виетнам и сега е во Братислава. За него, лично, тоа сигурно е предизвик – да го остави луксузниот живот во обид да ги поправи сопствените грешки“, иронично потенцираше Зеленски.
Фицо отпатува за Москва непосредно пред Божик и разговараше со рускиот претседател, Владимир Путин, за можноста Словачка да се снабдува со руски природен гас.
Киев го прекина договорот за транзит со Европа на крајот на годината за да остане Москва без приходи за воени цели.
Илјадници луѓе во петокот протестираа во 15 словачки градови против политиката за Украина на левичарскиот националист Фицо. Тие го обвинија за проруски курс и за „предавство“ на западните сојузници и на соседна Украина, која е нападната од Русија.
Организаторите на демонстрациите го критикуваа патувањето на Фицо во Москва како „покорност“ на руските интереси.
It’s good that Slovakia’s Prime Minister Fico has finally returned from his vacation at a luxurious hotel in Vietnam and is now in Bratislava. For him, personally, it must be challenging—switching from living in luxury to now trying to fix his own mistakes. It was an obvious…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 12, 2025