ФИЦО ОСТАНУВА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Следува критичен период

Лекарскиот совет, во болницата во словачкиот град Банска Бистрица, најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот.

244

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, ќе остане на интензивна нега откако на него беше извршен атентат во средата, соопшти денеска владата на земјата, a пренесува Ројтерс.

– Лекарскиот совет, во болницата во словачкиот град Банска Бистрица, најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот – изјави претходно денеска новоизбраниот претседател Петер Пелегрини.






Тој во четвртокот го посети Фицо, по што изјави дека лекарите кои се грижат за него не планираат нови операции. Пелегрини посочи дека му претстојат критични часови и денови на премиерот и дека доколку дозволат лекарите, тој повторно ќе го посети.

Фицо беше тешко повреден кога во средата, по седницата на Владата во градот Хандлова, напаѓач, за кого медиумите објавија дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, испукал неколку истрели кон него од непосредна близина.

ФИЦО СЕ СЕЌАВА НА СÈ Претседателот на Словачка го посетил премиерот во болница

Поврзани содржини