ФИЦО ОДБИВА ДА ПЛАЌА ЗА УКРАИНА Словачка не поддржува ниту едно решение за воени трошоци
Словачкиот премиер му порача на Европскиот совет дека земјата нема капацитет да поддржи мерки за финансирање на украинските воени трошоци и го охрабри мировниот план на Доналд Трамп.
Словачкиот премиер Роберт Фицо порача дека неговата земја „не е во позиција“ да поддржи какво било европско решение за финансирање на воените трошоци на Украина во следните години. Во писмо испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Фицо истакнал дека Словачка нема да одобри ниту еден предлог кој се однесува на покривање на воената поддршка за Киев.
Фицо дополнително ја нагласил својата поддршка за мировните иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп, посочувајќи дека ги охрабрува неговите напори за „прекин на непотребното крвопролевање“.
Словачкиот премиер порача дека и на претстојниот самит на Европската унија ќе се спротивстави на секој предлог кој би значел финансирање на украинските воени потреби во следните години, повторувајќи дека Братислава во моментов нема капацитет за таква поддршка.