ФИЦО ГО КОЧИ БРИСЕЛ ЗА САНКЦИИТЕ КОН МОСКВА Словачка не се откажува од руски гас ни по 2028 година

Словачкиот премиер го повтори својот став дека плановите за прекин на увозот на руски гас од 2028 година претставуваат закана од недостиг на снабдување и зголемување на цените, како и потенцијални загуби од арбитража поради прекршување на долгорочен договор со рускиот снабдувач Газпром.

226

Словачка нема да поддржи нов пакет санкции на Европската Унија против Русија и ќе побара одложување на гласањето додека не се разгледаат загриженостите на оваа земја за снабдувањето со гас по 2027 година, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесоа британските медиуми.

Фицо го повтори својот став дека плановите за прекин на увозот на руски гас од 2028 година претставуваат закана од недостиг на снабдување и зголемување на цените, како и потенцијални загуби од арбитража поради прекршување на долгорочен договор со рускиот снабдувач Газпром.

 

Поврзани содржини