ФИБА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ МКФ Куманово под лупа поради националистичките скандирања против Романија

Светската кошаркарска федерација започна официјална истрага поради националистички скандирања на мечот Македонија – Романија, додека домашните институции ветуваат санкции.

96

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово.

– Во оваа фаза собираме релевантни извештаи поврзани со инцидентот и сме во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот – изјавил претставник на ФИБА.






Непримерното однесување на дел од навивачите го осудија Кошаркарската федерација, Министерството за спорт, и сите политички чинители во државата, а Министерството за внатрешни работи веќе презема активности за санкционирање на сторителите.

Поврзани содржини