ФИЈАСКО НА КОАЛИЦИЈАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ДУИ ВО ВТОРИОТ КРУГ Победи само нивниот кандидат во Студеничани
Заедно со Студеничани, најверојатно во следните 4 години градоначаници на ДУИ ќе водат вкупно 5 општини во Македонија.
Еден од клучните моменти во вториот круг на изборите за градоначаници во Македонија е целосниот колапс на кандидатите на ДУИ. Освен во Студеничани, НАИ, коалицијата околу ДУИ, веројатно нема да освои ниту едно друго градоначалничко место.
ДУИ загуби во Кичево, загуби во Струга, во Дебар и во Тетово.
Ова може да се смета за најголемо делигитимирање на ДУИ и Али Ахмети од 2022 година до денес. Кандидатите на коалицијата Вреди извојуваа дефинитивен успех во опшптините со доминантно албанско население. На ДУИ не му помогна многу ниту преминувањето на Арбен Таравари и неговото крило на Алијансата за Албанците од таборот на Вреди во Коалицијата НАИ.
Во Студеничани кандидатот на Коалицијата НАИ Ејуп Абази слави тесна победа со 4.353 гласа пред независниот кандидат Азем Садики со 4.159.
Кандиатот на НАИ во Струга Арсим Далипи, загуби со освоени 11.695 гласа од независниот кандидат Менди Ќура кој освои 12.371 глас.
Во Тетово кандидатот на ДУИ Бајрам Реџепи изгуби од Билал Касами од Вреди со околу 5.000 гласа разлика.
По првиот круг на изборите ДУИ прогласи победа во Гостивар, Липково, Пласница и Чашка. Заедно со Студеничани, најверојатно во следните 4 години градоначаници на ДУИ ќе водат вкупно 5 општини во Македонија.