ФУДБАЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО СРБИЈА ЌЕ ПОЧНАТ СО МИНУТА МОЛЧЕЊЕ Сојузот на фудбалски клубови изрази сочувство за загинатите во Кочани

Оваа информација е објавена на официјалната веб-страница на Сојузот на фудбалски клубови на Суперлигата и Првата лига на Србија.

715

Сите денешни натпревари во рамките на Супер лигата и Првата лига на Србија ќе започнат со едноминутно молчење за загинатите во пожарот во Северна Македонија, објавено е на официјалната веб-страница на Сојузот на фудбалски клубови на Суперлигата и Првата лига на Србија.

Сојузот на фудбалски клубови СЛС и ПЛС изрази сочувство за трагедијата во Кочани во која според последните информации загинеле 59 лица и 155 се повредени.

 

Поврзани содржини