ФФМ ќе обезбеди 15 илјади топки за клубовите во сите категории

Покрај тоа У.О. на ФФМ донесе одлука за враќање на паричните средства од продажбата на билети за полуфиналето од Лига на Нации меѓу Македонија и Косово.

201

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше одлучено да се набават 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) кои ќе се распределат на клубовите од сите категории (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, Младински конкуренции и Женска фудбалска лига).

Покрај тоа У.О. на ФФМ донесе одлука за враќање на паричните средства од продажбата на билети за полуфиналето од Лига на Нации меѓу Македонија и Косово.






Управниот одбор ги усвои предлог пропозициите за Куп натпреварување во футсал за натпреварувачката сезона 2020/21, пропозициите за Втора футсал лига за натпреаврувачка сезона 2020/21 и предлог пропозициите во млади категории за девојчиња за натпреварувачката сезона 2020/21, соопшти ФФМ.

Поврзани содржини