ФЕТАИ ЛЕТНАЛА НА 22 МАРТ, ПЛАТИЛА НА 28 МАРТ Порталот МКД.мк ги објави уплатниците на обвинителката

Како што пишува порталот МКД.мк, на уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ Фетаи уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари на 28 март.

1,400

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март, открива порталот МКД.мк.

Како што пишува порталот, на уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ Фетаи уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари на 28 март.

За министерот за правда Никола Тупанчески покажувањето на уплатниците за патот во Палермо е тривијално прашање.

Поврзани содржини