Продукцијата „Авалон“ преку својот профил на Фејсбук информира дека одлучиле фестивало „Охрид колинг“ да го одложат за следната година.
„Со огромно жалење ве информираме дека иако Комисијата за заразни болести во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30 јули до 01 август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид.
Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети!
Дотогаш, подготвувајте се за OHRID CALLING 2021 и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание, на вашиот омилен фестивал!
А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот!“, порачаа од „Авалон“.