Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одржи на 19 септември

322

Поради пандемија со коронавирус, 41-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ годинава нема да се одржи во својата традиционална форма, туку ќе биде одбележан еден ден, на 19 септември во Битола.

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов – Изи на денешната прес-конференцијата соопшти дека при носењето на одлуката ги земале предвид искуствата од европските и светски фестивали, во консулатција со своите членови, по серија состаноци одржани онлајн и следење на состојбата.






– Ова беше тешка одлука. Не беше лесно да ја донесеме. Никој не е среќен со неа. Но, сметаме дека направивме вистинска одлука и дека тоа времето ќе го покаже – рече Иванов – Изи.

Toj посочи дека филмските работници или ДФРМ сметаат дека примарно државата треба да троши пари за продукција на филм и во овие услови поважно е да се снима отколку да се даваат пари за оналјн фестивал.

Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска рече дека не била среќна кога ја слушнала одлуката на Управниот одбор и на Собранието на ДФРМ, но додаде оти до крај ќе ја испочитуваат.

Главниот настан ќе се одржи на 19 септември во Битола и ќе трае помалку еден час. Ќе се обрати покровителот на фестивалот, претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Битола Наташа Петровска, а обраќања ќе имаат и директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, претседателот на ДФРМ Игор Иванов – Изи. Со видео порака ќе се обратат добитникот на највисоката фестивалска награда и новиот претседател на ИМАГО, Острум, а добитникот на „Големата ѕвезда“ на ДФРМ очекуваат да биде присутен на тој настан.

Таа рече дека имаат намера да преговараат со јавниот сервис да прикаже по еден филм од добитниците на високите филмски признанија. Во следните денови и по 19 септември преку интернет платформа ќе организираат две видео работилници со добитниците на наградите и со членовите на ИМАГО, меѓународна асоцијација во која членува ДФРМ и со која соработуваат.

Поврзани содржини