FESTINA LENTE (брзај, полека! )
Не е препорачливо да се направат уставни измени во една земја за чувствителни теми пред општите парламентарни избори затоа што партиите преку такви теми ќе настојуваат да ја добијат идната власт
Ова есен во земјата имавме интензивна политичка дебата. Група на етнички Бугари, државјани на Северна Македонија, искористувајќи ги нашите законски непрецизности и конфузната примена на законот од страна на Централниот регистер, легално основаа културни здруженија со имиња на бугарски цареви кои во минатото биле носители на фашистичка идеологија или во најмала рака поранешни окупатори на нашата земјаа. Подоцна еден наш афирмиран поранешен премиер искорегирајќи „ги историските факти“ еден дел од тој период го прогласи како пријателско администрирање на Македонија дар даден на нашите народи од страна на бугарските цареви! И така ја исполнивме желбата на некои бугарски елити и наместо синтагмата „бугарските фашисти“ во учебниците по историја почнавме да пишуваме „бугарските администратори“. И така државата стана Република на бугарските цареви!
Дебатата не се одвиваше во духот на тоа што во тие здруженија не беше во духот на Законот за здруженија и фондации туку во делот на именување на здружениата, и инсистирањето да се забрани функционирањето на тие здруженија. Никој не докажуваше аргументи дали статутот или програмата на здруженијата ширеа меѓунационална омразa, верска, етничка нетрпеливост, фашистичка идеологија и др. елементи доволни обвинителството да покрене постапка и судот да донесе решение за забрана на дејствување на здруженијата.
Централниот регистер во фаза на регистрација на здруженијата е должен да констатира дали статутот и програмата на дружението се во склад со законот и со Уставот и согласно тоа да донесе решение за регистрација или барањето да го врати до подносителот да се отклонат недостатоците со даден рок.
Ако внимателно го читаме нашиот Устав како и Европската конвенција за човекови права и слободи, ќе дознаеме дека правото на здружување е уставно и законски гарантирано.
Во Чл. 11 став 2 од Европската конвенција за човековите права и слободи децидно пишува дека „остварувањето на овие права може да се ограничи само со закон и само доколку тоа е неопходно во едно демократско општество…“.
Нема никаква сомнеж дека во конкретниот случај со фашистичките имиња во нашето општество тоа е неопходно, но таа задача можеби наивно ја преземаше Комисијата против дискриминација која донесе и одлука за забрана на здружението „Ванчо Михајлов“, наместо тоа да се прави со закон.
Измените на Законот за здруженија и фондации и законот за политичките партии нецелосно се направени ако во образложението Централниот регистер или судот (за политичките партии) за евентуалното одбивање на регистрација на некое здружение или партија се наведува дека владината Комисија не дава согласност! Таа комисија не е законска категорија ако не е составен дел на амендираните закони жалителите ќе го добијат спорот во второстепениот суд.
Измените ќе бидат нецелосни ако не се направени измени и дополнувања и на Законот за трговски друштва во член 47 од законот (недопуштени состојки на фирмата), а фирмите и понатаму ќе можат да ставаат имиња кои не се прифатливи за јавноста.
И за ово толку, иако имав намера многу поопширно да пишувам.
СИТЕ НАШИ ПРЕАМБУЛИ
Веќе триесет и нешто години мака мачиме со преамбулата на нашиот Устав. Во неговите мемоари „Македонија е сé што имаме“, поранешниот претседател Киро Глигоров признава дека некои права кои Албанците (макар и на хартија) ги уживаа за време на заедничкото живеење во СФРЈ неправедно беа ускратени со Уставот од 1991 год.
Истото го пишува и Стојан Андов во својата книга „На мој начин“. Истото сме го повториле многу пати и ние пратениците на ПДП во Собранието на (Социјалистичка) Република Македонија и во сите европски и меѓународн институции.
Во Уставот на Социјалистичка Република Македонија ( 7 февруари 1974) не во преамбулата која не постои во текстот туку во член 1 од Уставот пишува: „Социјалистичка Република Македонија е национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа, заснована врз сувереноста на народот, и …“.
Ова дефиниција на негативна смисла се девалвира со Уставот од 1991 год. И тогаш ние протестиравме и не ја прифативме таа дефиниција и сето тоа што беше неприфатливо за нас во нормативниот дел од Уставот.
Тогаш меѓународната заедница иницираше разговори и преговори меѓу преставници на Владата и претставниците на албанските политички партии ПДП-НДП со посредство на германскиот амбасадор Герт Аренс во рамките на Хашката конференција за Југославија.
Во својата книга “Diplomacy on the Edge” , 2007, на страница 403 Аренс пишува дека дефиницијата „ …национална држава на Македонците со малцински права на другите етнички групи беше модел збран со македонскиот Устав од 17 ноемрви 1991, и отфрлен од страна на Албанците“.
На страница 409, во точка три од работниот текст, Аренс пишува дека двете страни се сложија дискусиите да ги насочат кон „сосдавање на граѓански модел на државата“ и според тоа на првиот член, од главата I Уставот ќе се амендира како следи: „Република Македонија е модерна независна демократска и социјална држава на сите нејзини граѓани“.
Тие разговори и преговори не успеаја и Владата не го потпиша текстот поради перманентниот притисок на тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ.
Предлог текстот на можната преамбула во идните измени и дополнувањата на Уставот во колумната на Бранко Геровски „Граѓани, а не Бугари во македонскиот Устав“, дополнувана само со синтагмата „и Охридскиот договор“ е во оригиналниот текст на Охридскиот рамковен договор“ но, за жал, не успеа да се претвори во амандман на Уставот од следните причини:
Тогашниот спикер на Собранието Стојан Андов се спротивставувавеше Собранието во форма на амандман IV (преамбула) да го усвои текстот усвоен од лидерите потписници на Договорот. Во својата книга „На мој начин“, на страница 595 Андов пишува: „…Настојував претседателот на Републиката Борис Трајковски да го убедувам во своите аргументи и, заедно со него, како предлагач на уставните промени, да наоѓаме можни поволни решенија. Му реков дека текстот што се предлага за преамбулата на Уставот како амандман 4 не би требало да го прифатиме. Тој навистина има чиста „граѓанска“ форма, и денес суверенитетот на Република Македонија навистина се наслонува на граѓаните……Затоа, во преамбулата кока нормативна сила декларативно се спомнува македонскиот народ и неговата вековна борба за државност. Штом во новиот текст на преамбулата отпаѓаат зборовите „македонскиот народ тогаш се отвораат многу сложени и длабоки политички проблеми пред кои ние еднлоставно немаме право да ги затвориме очите…“.
Исти видувања споделува и поранешниот претседател во неговата книга „Македонија е сé што имаме. Во посебниот негов осврт насловен „Охридскиот рамковен договор и уставните измени (стр. 603) Глигоров пишува: „…Прво, најголеми бранувања, со право, предизвика предлогот за промена на преамбулата на Уставот. Обидот за бришење на синтагмата „македонски народ“ значеше тежок удар и обид за обезличување на државата. Би ги прашал нашите граѓани од албанско етничко потекло што тие би добиле по таквата сосема неоправдана загуба на македонскиот идентитет? Повторно, како секогаш Албанците „криви“ за сешто биднува во земјата.
Со оглед дека Глигоров веќе долго време не бил директно инволвиран во политичките збиднувања, не бил доволно информиран и неправедно ги обвинува граѓаните од албанско етничко потекло за обид за обезличување на државата и уривање на „македонскиот идентитет“.
Изнесените констатации на Глигоров за Албанците, Стојан Андов ги демантира во книгата „На мој начин“ на страница 596 : „…Трајковски, (пишува тој) свфати во што е проблемот, меѓутоа спомена и една специфична тежина, Имено, тој рече дека текстовите на амандман 4, што се однесува на преамбулата и на мандман 7, што се однесува на Македонска православна црква, не биле предложени ниту на нашите албански партии, ниту од претставниците на меѓународната заедница. Тие предлози ги дала македонската страна како текстови усогласени меѓу експертите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што така подготвени му ги предале на Трајковски, а тој ги изнел на официјалниот состанок. Значи тие текстови биле усвоени онака како што биле предложени од македонска страна“. И каде е сега вината кај Албанците?
Ете, зошто твојот предлог на преамбулата на Охридскиот договор, надополнет со синтагмата „…и Охридски договор“, господине Героски, нема да биде прифатен и во наредните измени и дополнувања на Уставот, но и од многу други причини. И уставните измени нема да бидат така лесни и само со пет реченици на вметнување на Бугарите во Уставот! Ќе има долги расправија за се што треба и не треба дури и со наметнати теми надвор од потребите на времето, а во корист на рејтингот на политичките партии на власт и опозиција, од следните причини:
– Бугарија досега доследно и прецизно се нема изјаснето како би изгледала таа преамбула со плус „делови од бугарскиот народ кој живее во Македонија“ и според пописот Бугарите не живеат во една хомогена географска должина да претставуваат најмалку 20% од локалното население и нивниот јазик да биде официјален на локално ниво;
– Не е препорачливо да се направат уставни измени во една земја за чувствителни теми пред општите парламентарни избори затоа што партиите преку такви теми ќе настојуваат да ја добијат идната власт. Тоа беше и мислењето на претседателот Пендаровски дека сега не е време за уставни измени туку при затворање на сите поглавја со Унијата.
Затоа, побрзајте, полека.