Ферстапен разочаран од Хамилтон: Ја славеше победата додека јас бев во болница

На патеката Силверстоун двајцата ривали имаа дуел уште во првиот круг во кој подебелиот крај го извлече Холанѓанецот.

462

Продолжува отворената војна меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон по денешниот инцидент на трката за големата награда на Велика Британија. На патеката Силверстоун двајцата ривали имаа дуел уште во првиот круг во кој подебелиот крај го извлече Холанѓанецот.

Возачот на Ред Бул заврши во болница, а и покрај казната од десет секунди Хамилтон на крајот стигна до голема победа. Ферстапен смета дека не е во ред да се радуваш, па макар и на победа кога ривалот се наоѓа во болница.






– За среќа јас сум добар. Многу сум разочаран што ја завршив трката на ваков начин. Казната од десет секунди не е правда за тоа што го направи Луис на патеката. Да гледаш како ривалот се радува кога ти си во болница е непочитување и немање спортска култура. Сепак одиме понатаму – напиша Ферстапен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max Verstappen (@maxverstappen1)

Поврзани содржини