ФЕРОИНВЕСТ ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ЕЛЕКТРАНИ Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Зошто е важно да се работи со искусен партнер? ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи: Кабинетски батерии и Контејнерски батериски системи. вие системи со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh и совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh, соопшти ФЕРОИНВЕСТ давајќи детали за инсталираните системи во електраните во Гиновци и во Тркање.

534

ФЕРОИНВЕСТ објави дека ги отвора своите електрани и ги кани инвеститорите да се уверат како изгледа функционален батериски систем. Во соопштение компанијата објаснува кои се предизвиците поврзани со имплементацијата на системите.

„Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа“, велат од ФЕРОИНВЕСТ.






Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.

„Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми“, се додава во написот.

Понатаму ФЕРОИНВЕСТ им порачува на инвеститорите да работат со искусен партнер кој ќе им понуди реални проекти, докажани резултати, финансиска и техничка сигурност за оптимален поврат на инвестицијата.

„Зошто е важно да се работи со искусен партнер? ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи: Кабинетски батерии и Контејнерски батериски системи.

Овие системи:
– со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.

– совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.

РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:

📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка

📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани

Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем“, велат од компанијата,

ФЕРОИНВЕСТ соопшти дека нуди целосно заокружено решение од идеја до приходи, кое опфаќа:

  • изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
  • проектирање на батерискиот систем
  • испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
  • пуштање на батеријата во работа
  • програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
  • 24/7 мониторинг на батерискиот систем
  • одржување на батерискиот систем
  • приклучување во нашата балансна група
  • откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
Поврзани содржини