ФЕРО ИНВЕСТ И WHES НА INTERSOLAR EUROPE 2026 Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

Како ексклузивен застапник на WHES за Македонија, ФЕРО ИНВЕСТ нуди комплетна услуга „клуч на рака“ – анализа и димензионирање на системот, проектирање, испорака, монтажа, интеграција, пуштање во работа, како и оптимизација и секојдневно управување.

0

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија.

Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори од Македонија за технички информации и консултации околу современите BESS (Battery Energy Storage System) решенија.






Меѓу новитетите беше и новата генерација батериски системи PC-G3, развиена за сигурно и флексибилно складирање и управување со електрична енергија. Системот поддржува работа со електроенергетската мрежа, целосно независно или во комбиниран режим и е наменет за комерцијални и индустриски корисници.

Како ексклузивен застапник на WHES за Македонија, ФЕРО ИНВЕСТ нуди комплетна услуга „клуч на рака“ – анализа и димензионирање на системот, проектирање, испорака, монтажа, интеграција, пуштање во работа, како и оптимизација и секојдневно управување, со цел инвеститорите да го добијат максималниот економски ефект од својата инвестиција.

Од компанијата велат дека искуството покажува оти успехот на еден батериски проект зависи и од квалитетот на технологијата, но и од правилното инженерско решение и стручната реализација.

– Кога инвестирате во батериски систем, не купувате само батерија, туку избирате партнер кој ќе биде одговорен за нејзиното проектирање, интеграција, управување и сигурна работа во следните 15 години.

Батерискиот систем е сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, да се интегрира со електраната и електроенергетската мрежа, да се усогласи со сите технички и законски барања, а потоа и секојдневно да се управува со неговото работење. Затоа изборот на компанијата што ќе го реализира проектот е исто толку важен како и изборот на самиот батериски систем – потенцираат од ФЕРО ИНВЕСТ.

Компанијата досега учествуваше во реализација на проекти со вкупен капацитет од над 250 MWh, додека дополнителни околу 70 MWh се во фаза на изведба. Воедно, ФЕРО ИНВЕСТ го реализираше и првиот лиценциран батериски систем во Македонија, кој веќе е во редовна комерцијална експлоатација.

Поврзани содржини