Извршниот директор на Ферари, Матија Биното поднесе оставка.
Во официјалното соопштение на италијанскиот тим во Формула 1 се истакнува дека Биното ќе престане да ги извршува своите обврски по 31 декември.
Името на новиот шеф на Скудерија Ферари ќе биде објавено на крајот на декември. Како што навести италијанскиот печат, Фредерик Васер од Алфа Ромео ќе стане нов шеф на Скудерија.
Матија повеќе нема да работи за Ферари.
– За жал, донесов одлука да го прекинам партнерството со Ферари. Ја напуштам компанијата што ја сакам, чиј дел сум 28 години, со спокојство дека направив сѐ што е можно за да ги постигнам моите цели. Заминувам од тесно поврзан и растечки тим. Силен тим кој сигурен сум дека е подготвен да ги постигне највисоките цели и им посакувам сѐ најдобро. Би сакал да им се заблагодарам на сите членови на тимот кои го споделија овој пат со мене – тежок, но кој донесе големо задоволство – изјави Биното.
Биното е на чело на Ферари од 2019 година. Под негово водство, тимот двапати го освои второто место во Формула 1. Ферари не успеа да го освои шампионскиот трофеј оваа година, иако пред почетокот на сезоната важеше за фаворит.