ФЕРАРИ ВО ЖЕСТОКА БИТКА СО ФАЛСИФИКАТОРИТЕ Уништени 3 три возила и илјадници маици, ремени, часовници, очила…
Популарноста на производителот од Маранело доведе до појава на огромен број фалсификувани сувенири, со повеќе од 400.000 уништени предмети само во 2023 година, објавија италијанските медиуми.
Италијанската компанија Ферари има сериозни проблеми со фалсификуваната стока со логото на брендот. Популарноста на производителот од Маранело доведе до појава на огромен број фалсификувани сувенири, со повеќе од 400.000 уништени предмети само во 2023 година, објавија италијанските медиуми.
Списокот на уништена стока вклучуваше околу 100.000 парчиња облека, над 91.000 очила, речиси 61.000 рачни часовници и 57.000 паричници со логото на галопирачкиот пастув. И тоа не е сѐ – запленети се уште 30.000 шишиња парфем/дезодоранс, 13.000 ремени, 1.000 топки и 900 модели смалени модели на автомобили и болидите на Формула 1.
Сепак, најинтересно е тоа што три автомобили се најдоа на листата на фалсификати. Не е соопштено каде точно се тие во моментов и каде се фатени, но познато е дека пред 4 години полицијата во Бразил открила и затворила фабрика во земјата која произведувала лажни спортски автомобили од брендовите Ферари и од Ламборџини.
Тогаш беше објавено дека криминалците се специјализирале за правење копии на сите модели од двете марки, продавајќи ги за 10 пати помалку од оригиналниот автомобил.