Феноменална партија на Димитријевиќ, Магдевски и В.Стојановски во триумфот над Италија

Димитријевиќ и Магдевски беа најефикасни, двајцата заедно постигнаа 42 поени, одлична партија пружи капитенот, Војдан, запиша 16 поени, двоцифрен беше и Вајли со 13 поени.

370

Кошаркарска репрезентација на Македонија дојде до првата победа во квалификациите и остана во игра за место на Европското првенство 2022 година. Нашите репрезентативци ја совладаа Италија по пресврт со 87-78, па сега останува да очекуваат пораз на Естонија во дуелот со Русија.

Инаку, македонските репрезентативци имаа лош старт на натпреварот, одбраната не функционираше, но за голема среќа сликата се промени. Тие конечно заиграа во вториот дел, ја добија третата четвртина со 26-13, а на пет минути до крајот поведоа со двоцифрени 78-68, доволно за голема радост.






Избраниците на Александар Тодоров имаа само добри четири минути во првото полувреме, по водството на Италија од 2-9 на стартот, успеаја да намалат на 13-14. Одбраната беше анемична далеку од нивото за рамноправна игра на теренот. По првата четвртина негативата беше двоцифрена (20-30), примивме и шест тројки.

Не променивме ништо во продолжение. Магдевски не одржуваше во игра, но тоа не беше доволно. Италија со серија од 8-0 во 25. минута се искачи на највисоки (30-45). Македонија играше како да е пласирана на ЕП. Највисокото водство на противникот беше 16 поени (34-50). На полувремето беше 41-52.

Конечно вистинската Македонија. Третиот период го добивме со 26-13, успеавме да ја стопиме двоцифрената предност на противникот. Со петте поени (Војдан и Магдевски) намаливме на 46-52. Италија ја немаше истата реализација како во првото полувреме. На истекот на овој период со тројката на Војдан и на Димитријевиќ во последната секунда за првпат поведовме на мечот со 67-65.

Не застанавме, бевме во налет, серијата продолжи 73-65, на средината на последната четвртина предводени од Димитријевиќ поведовме со двоцифрени 78-68. Не и дозволивме на Италија да направи пресврт, успеавме да ја сочуваме предност и да дојдеме до првата победа во квалификациите за ЕП 2022.

На минута и пол до крајот се повреди Ненад Димитријевиќ, станува збор за коленото, но колку е сериозно ќе биде познато во текот на денешниот ден.

Димитријевиќ и Магдевски беа најефикасни, двајцата заедно постигнаа 42 поени, одлична партија пружи капитенот, Војдан, запиша 16 поени, двоцифрен беше и Вајли со 13 поени.

Македонија – Италија 87-78

(20-30, 21-20, 26-23, 20-13)

МАКЕДОНИЈА: Димитријевиќ 22, Магдевски 20, В.Стојановски 16, Трајковски 4, Вајли 13, Ѓуроски, Крстевски 4, Николов 2, Робев, Савичевиќ, Симиќ, Д.Стојановски 8.

Поврзани содржини