„ФЕНИКС“ ЌЕ БИДЕ НОВОТО СРЦЕ НА ЦЕНТАР Лабудовиќ вети нов модерен и зелен плоштад

Во рамки на проектот се предвидени подземни паркинг места, со што конечно се решава еден од најголемите предизвици за жителите на Центар и се ослободува јавниот простор за пешаци и за зеленило.

158

Центар ќе добие нов симбол – плоштад кој ќе го обедини градот и ќе внесе нов живот во секој негов дел. Кандидатот на ЗНАМ – За наша Македонија за градоначалник на општина Центар Мирослав Лабудовиќ најави проект „Плоштад на заедништвото – Феникс“, модерен, зелен и жив плоштад кој ќе стане новото срце на Скопје и гордост на центарци.

– Феникс е симбол на обнова, нова енергија и заедништво. Место каде што ќе се среќаваат луѓето, ќе се создаваат спомени и ќе расте духот на Центар. Со овој проект градиме иднина што инспирира, поврзува и обединува – изјави Лабудовиќ.






Проектот Феникс ќе биде современ, зелен и инклузивен простор, каде уметноста, културата, музиката и животот се спојуваат во едно.
Плоштадот ќе биде отворен простор за културни настани, концерти, изложби, семејни активности и дружења, создавајќи ново место за живот и инспирација во срцето на градот.

– Овој проект не е само урбанистичка замисла – тоа е визија за град по мерка на човекот, каде архитектурата, природата и заедништвото се дел од истата приказна. Со модерна пешачка зона, зелени површини и простор за одмор, ФЕНИКС ќе го врати она што најмногу недостига – чувството на припадност, мир и убавина во средиштето на градот – додава Лабудовиќ.

Во рамки на проектот се предвидени подземни паркинг места, со што конечно се решава еден од најголемите предизвици за жителите на Центар и се ослободува јавниот простор за пешаци и за зеленило.

Поврзани содржини