ФЕМИЦИДИТЕ СЕ СЛУЧУВААТ ПОРАДИ СИСТЕМСКИТЕ ПРОПУСТИ Левица бара итни промени во Законот, жените мора да бидат заштитени

Според партијата, моменталниот Кривичен законик создава простор насилниците да останат неказнети, бидејќи законот бара гонeње само по иницијатива на жртвата, што често резултира со повлекување на пријавите поради страв или притисок од сторителите.

542

По последното убиство на младата жена во Штип, партијата Левица ги повикува властите на итна акција за измени на законодавството, истакнувајќи дека „системските пропусти дозволуваат фемицидите да станат сè почести, а властите упорно избегнуваат суштински реформи.

Според партијата, моменталниот Кривичен законик создава простор насилниците да останат неказнети, бидејќи законот бара гонeње само по иницијатива на жртвата, што често резултира со повлекување на пријавите поради страв или притисок од сторителите.






„Постојниот Кривичен законик овозможува жртвите под притисок на насилниците или во состојба на психичка нестабилност да ги повлечат пријавите“, велат од Левица, нагласувајќи дека во вакви случаи постапките запираат и сторителите остануваат на слобода.

Од партијата сметаат дека ова е „огромен институционален пропуст што придонесува кон растот на фемицидите“.

Левица го повикува Министерот за правда, Игор Филков, да предложи измени во законот со кои би се овозможило насилството над жените да се гони по службена должност, без да зависи од иницијатива на жртвата.

„Потребни се мали, но клучни измени со кои делото ‘телесна повреда’ нема да може да биде амнестирано под притисок на насилникот“, изјавуваат од партијата.

Според нив, овие измени ќе овозможат гонение и казнување на сторителите, што ќе ја намали можноста од понатамошни напади врз жртвите.

Партијата истакна дека последното убиство на 29-годишната жена од Штип е пример за ваквите системски пропусти, бидејќи убиецот претходно бил пријавуван за насилство, но бил ослободен поради повлекување на пријавите од страна на жртвата.

„Анализите покажуваат дека само 2% од случаите на насилство се пријавуваат, и дури и тие не завршуваат соодветно поради повлекување на предлозите“, велат од Левица, посочувајќи дека ваквите статистики покажуваат „алармантна состојба“ и потреба за структурни промени во правниот систем.

Левица завршува со апел дека „жените жртви на насилство не смеат да останат сами во нивната борба“, повикувајќи на итно создавање на безбедна институционална поддршка која би ја заштитила секоја жена од потенцијалната закана.

Поврзани содржини