ФЕДЕРЕР СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА Форбс ги објави најплатените тенисери на светот
Десетте најплатени тенисери на светот вкупно заработиле 320 милиони долари во изминатите 12 месеци, што е за 6 отсто помалку во споредба со лани и тоа најмногу поради пандемијата на коронавирусот.
Магазинот Форбс ја објави листата на најплатени тенисери и на прво место со заработка од 90.600.000 долари се наоѓа Швајцарецот Роџер Федерер. По него на второ место е Наоми Осака кој заработил нешто над 60 милиони долари, трета е Серена Вилијамс со речиси нешто повеќе од 41 милион долари, а на четврто место се наоѓа Новак Ѓоковиќ кој заработил 38 милиони долари.
Десетте најплатени тенисери на светот вкупно заработиле 320 милиони долари во изминатите 12 месеци, што е за 6 отсто помалку во споредба со лани и тоа најмногу поради пандемијата на коронавирусот.
Список на 10 најплатени тенисери:
1. Роџер Федерер 90.600.000
2. Наоми Осака 60.100.000
3. Серена Вилијамс 41.800.000
4. Новак Ѓоковиќ 38.000.000
5. Рафаел Надал 27.000.000
6. Кеи Нишикори 26.000.000
7. Данил Медведев 13.900.000
8. Доминик Тим 8.900.000
9. Стефанос Циципас 8.100.000
10. Ешли Барти 5.800.000