Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер објави дека се повлекува од Грен слемот Ролан Гарос.
„Откако разговарав со луѓето од мојот тим, решив дека треба да се повлечам од Отвореното првенство на Франција. По две операции на коленото и повеќе од една година рехабилитација, важно ми е да го слушам моето тело и да не брзам со работите на патот кон закрепнување. Се гледаме наскоро“, напиша Федерер на Твитер.
Триесет и деветгодишниот тенисер во четвртото коло на Ролан Гарос, утре требаше да игра со Италијанецот Матео Беретини.