Федерација на фармери: Одлуката за брашното избрзана

1,017

Измените на Уредбите да се носат во координација и комуникација со Министерството за земјоделство, преку претходно разгледување во рамки на Постекторската група за житни култури каде членуваат и поледелци и мелничари, и потоа да се даваат како предлози на Влада за усвојување. Во спротивно, се овозможува да се слушне гласот само на мелничарите и се бранат само нивните ставови и интереси, без да се направи сеопфатна анализа и да се слушне размислувањето на поледелците, како и да се донесе заеднички заклучок.

Ова е ставот на Националната федерација на фармери (НФФ) по денешната одлука на Министерството за економија да се смени Уредбата со која е забранет извоз на пченица и брашно.






– Вака направената предлог-измена е само избрзана одлука која може да е на штета на поледелците и македонската пченица. Затоа бараме да се свика Потсекторската група за житни култури во МЗШВ и да се произнесе за измената на Уредбата и потоа да  влезе во процедура во Владата – наведува Федерацијата.

Во Министерството за економија денеска се одржа средба со мелничарите кои реагираа дека владината Уредба дозволува поскапување на увезеното брашно, но не и поскапување на домашното иако цените на увезената пченица и транспортот се зголемени. Тие побараа итна измена на Уредбата, а министерот Крешник Бектеши по средбата соопшти дека простор за такво нешто има и најави укинување на забраната за извоз на брашно.

Поврзани содржини