„ФЕД-ЕКС“ ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП Си ги бара парите платени за незаконските царини

По одлуката на Врховниот суд може да се очекува бран барања за враќање пари, кои според проценките, може да достигнат околу 175 милијарди долари. 

19

Во тужбата поднесена вчера во американскиот Суд за меѓународна трговија во Њујорк, „Фед-екс“ бара „целосно враќање“ на сите давачки собрани според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања од 1977 година.

Логистичката компанија „Фед-екс“ (Fed Ex) ја тужи американската Влада за да и ги врати царините што ги платила според законот за вонредни овластувања, за кој Врховниот суд на САД во петокот пресуди дека е нелегално искористен за воведување царини.






Во тужбата поднесена вчера во американскиот Суд за меѓународна трговија во Њујорк, „Фед-екс“ бара „целосно враќање“ на сите давачки собрани според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања од 1977 година. Тужбата е насочена кон Царинската и граничната заштита на САД, која е дел од Министерството за внатрешна безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на неговиот втор мандат се повика на Законот за вонредни овластувања за да воведе царини на десетици трговски партнери без одобрение од Конгресот. Врховниот суд во петокот пресуди дека законот не го овластува претседателот еднострано да воведува тарифи. Судиите не одлучија дали владата мора да ги обештети увозниците, оставајќи го тоа прашање на пониските судови.

Неколку американски медиуми ја опишаа тужбата на „Фед-екс“ како прва голема корпоративна тужба од американска компанија по пресудата. Логистичката компанија тврди дека претрпела штета со плаќање царински давачки кои сега се прогласени за нелегални.

По судската одлука, набљудувачите очекуваат бран барања за враќање пари. Според проценките на Универзитетот во Пенсилванија, потенцијалните отплати би можеле да достигнат околу 175 милијарди долари, што е приближно 2,5 проценти од федералниот буџет.

Поврзани содржини